Фестивалот на музика и храна ќе се одржува три дена на различни локации во пелистерските села Дихово, Трново и Цапари.
Утре, покрај „Летечки пекинезери“ ќе настапат и Дина Јашари и другари и „Berryqyat“, а во сабота во селото Трново ќе настапат Исмаил Лумановски и „Љубојна“ со Панајотис Андреу од Грција и „B. Boy“.
Исто така во сабота (13 август) ќе се организира работилница за берење и приготвување печурки – „Магичниот свет на печурките“ со Фунги Игнатиа.
Фестивалот ќе заврши со работилница за печење и приготвување леб што ќе се одржи во селото Цапари, а потоа ќе следи настап на бендот „Пијан славеј“ и настап на „Bad Juju“.