Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Орбан: Брисел ги излажа европските народи

Како што наведе, лажеле кога кажале дека санкциите против Москва нема да бидат проширени на енергенсите и дека тие ќе доведат до брзо завршување на војната во Украина.

Големите акционери на енергетските компании, „почнувајќи од финансиерот Џорџ Сорос, остваруваат милијарди екстра профит“ благодарение на порастот на цените на енергенсите поврзан со санкциите, изјави унгарскиот премиер за националното радио.

„Граѓаните во Европа во моментов скапо ги плаќаат енергенсите поради санкциите, што ја прави иднината нестабилна“, кажа Орбан.

Тој истакна дека војната во Украина продолжува, без надеж дека брзо ќе заврши.

Според неговото мислење цените на енергенсите се водени од политички мотивираните одлуки во Брисел, а не од економски причини.

„Без санкциите, цените на енергенсите би биле исти како во април, кога се очекуваше тие да се стабилизираат на околу 100 долари“, кажа Орбан.

Земјите од ЕУ на самитот во Версај договорија „предводени од Германија и Унгарија“ да не ги прошируваат санкциите на енергетиката, кажа тој, истакнувајќи дека Унгарија би била во многу полоша ситуација ако владата не се избореше за изземање од санкциите против Русија.

Тој наведе и дека е неизвесно дали ситуацијата уште повеќе ќе се влоши, поради тоа што Брисел сака да ѝ воведе нови санкции на Русија.

Коментирајќи го планот на Будимпешта да спроведе јавна анкета „Национална консултација“ за санкциите на Европската Унија против Москва поради војната во Украина, унгарскиот премиер кажа дека единството и соработката се клучни во време на криза.

„Анкетата е правно најфлексибилниот облик на вклучување на луѓето во процесот на донесување одлуки, што според моето искуство е политички најдобро решение во одредени ситуации“, порача Орбан.