Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Орбан: Брисел ги лажеше граѓаните на ЕУ во врска со санкциите против Русија

Од: А1он

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека во Брисел ги „лажеле луѓето од Европа“ кога рекле дека санкциите против Москва нема да бидат проширени на енергетските компании и дека тие ќе доведат до брз крај на војната во Украина, пренесува МТИ.

dobivaj vesti na viber

Големите акционери на енергетските компании, „почнувајќи од финансиерот Џорџ Сорос, остваруваат милијарди дополнителни профити“ благодарение на порастот на цените на енергијата поврзани со санкциите, изјави унгарскиот премиер за националното радио.

Граѓаните во Европа во моментов плаќаат високи цени за енергија поради санкциите, што ја прави иднината нестабилна, рече Орбан.

Тој истакна дека војната во Украина продолжува, без надеж дека брзо ќе заврши.

Според неговото мислење, цените на енергијата се водени од политички мотивирани одлуки во Брисел, а не од економски причини.

Без санкции, цените на енергијата би биле исти како во април, кога се очекуваше да се стабилизираат на околу 100 долари, рече Орбан.

На самитот во Версај, земјите од ЕУ се согласија „со раководството на Германија и Унгарија“ да не ги продолжуваат санкциите на енергетскиот сектор, рече тој, истакнувајќи дека Унгарија ќе беше во многу полоша ситуација доколку владата не се бореше за изземање од санкциите против Русија.

Тој изјави и дека е неизвесно дали ситуацијата уште повеќе ќе се влоши со оглед на тоа што ЕУ сака да воведе нови санкции за Русија“.