Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Орбан: Војната во Украина има потенцијал да ја заврши западната хегемонија на глобално ниво

Од: А1он

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја коментираше актуелната геополитичка ситуација и изјави дека санкциите против Русија не ги даваат посакуваните резултати и дека земјите кои ја поддржуваат Украина нема да можат да ја прекинат војната во Украина со воени средства. Според него, војната во Украина има потенцијал да стави крај на „западната хегемонија на глобално ниво“.

dobivaj vesti na viber

Орбан ова го изјави во интервју за германски медиум. Тој рече дека очекува слабеење на моќта и влијанието на Европската унија по завршувањето на војната во Украина.

„Сосема е можно оваа војна во Украина да стави крај на западната надмоќ“, рече Орбан.

Тој ги спомна земјите кои не ја следат „агендата“ на западниот свет кој ја поддржува Украина. Според него, тоа се Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка и „арапскиот свет“.

„Западот не е способен да го добие конфликтот преку воени средства. Санкциите не успеаја да ја дестабилизираат Русија. За да бидат работите уште полоши, казнените мерки имаа спектакуларен ефект врз Европа“, рече тој.

Премиерот на Унгарија изјави дека Русија има свои извори на енергија, додека на Кина сега и е подобро отколку пред почетокот на оваа војна.

„Кина порано беше на милост и немилост на Арапите, но веќе не“, рече Орбан, мислејќи на нафтениот пазар.

Орбан и највисоките унгарски претставници го критикуваа пакетот санкции против Русија, тврдејќи дека тие се поштетни за членките на Европската унија отколку за Русија. Будимпешта постојано инсистираше недвосмислено дека не може и нема да ја ризикува безбедноста на унгарскиот народ и дека нема да биде вовлечена во конфликтот меѓу Украина и Русија.