Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Оставка на шефицата на Амнести интернешнал во Украина по обвинувањата дека војската ги загрозува цивилите

Официјален Киев извештајот на АИ го нарече руска пропаганда и дезинформации, а претседателот на Украина Володимир Зеленски ја обвини организацијата дека ги оправдува руските напади на Украина.

Додаде дека Амнести интернешнал „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“.

Во извештајот објавен во четвртокот по четиримесечна истрага, АИ ја обвини украинската војска за поставување воени бази во училишта и болници, криење оперативно оружје и почнување напади од населени подрачја, што е тактика која ја оцени како кршење на меѓународното хуманитарно право.

Амнести интернешнал, меѓутоа, во својот извештај инсистира на тоа дека украинската тактика „на никој начин не ги оправдува неселективните руски напади“ кои го загрозуваат цивилното население.