Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Остин: Прерано е да се каже кој би можел да стои зад прекинот на гасоводот Северен тек

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека се уште е рано да се каже кој би можел да стои зад прекинот на гасоводот „Северен тек“.

„Кога зборуваме за нападот – или оштетување на гасоводот, мислам дека во овој момент има многу шпекулации. Но, искрено, додека не се спроведе целосна истрага, никој нема да може со сигурност да каже што се случило“, рече Остин на прес-конференција на Хаваи.

Тој додаде дека за инцидентот разговарал со својот дански колега во средата, кој му посочил дека ќе поминат неколку дена „пред да можат да го доведат вистинскиот тим за да се обидат да утврдат што е можно подобро што се случило“.

„Сè додека не добиеме повеќе информации или не можеме да направиме дополнителна анализа, нема да шпекулираме кој е одговорен“, рече Остин.

Европската унија ги истражува причините за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 под Балтичкото Море со кои управува руски Газпром и се сомнева дека е извршена „саботажа“.

Русија во четвртокот објави дека САД ќе имаат корист од прекинот на гасоводот Северен тек.

ортпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг изјави дека САД ќе можат да ја зголемат продажбата на течен природен гас (ЛНГ) доколку цевководите трајно се деактивираат. Захарова, исто така, повика истрагата на ЕУ да биде „објективна“.