Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Откриена нелегална сеча на дрва во близина на Ресен

Од: А1он

На 11.8.2022 во 9.15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи бил лишен од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.

dobivaj vesti na viber

Извршен е увид на местото на настанот.

Истиот ден, во 11 часот полициски службеници, постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано „Бела Вода“, атар на с.Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми”- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.