Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Овој текст ќе го разберат само луѓето кои сакаат мачки

Чувањето мачки е добра и корисна навика. Зошто?

Петте причини кои ќе ви ги презентираме, можеби не се научно докажани, но се докажани од луѓето кои ги обожуваат мачките, а еве кои се тие.

Мачките го чуваат менталното здравје

Мачките се омилено домашно милениче за забава кога навистина имате психички оптеретувања. Мачката знае да ве насмее, да ве разнежни со самиот поглед, а исто така може и да ве сослуша како најдобрата пријателка. Можете да и кажете се, таа и покрај тоа што сте згрешиле ќе ве погледне милно и ќе предизвика чувство на восхит и добро расположение кај вас.

Мачката наместо седатив

Кога се чувствувате вознемирени или ако патите од несоница, пробајте со вашата мачка. Ако ја прегрнете или легнете до неа таа ќе ја впие целата ваша негативна енергија и ќе ви даде волја за живот. Оние кои пробале рекле дека овој лек навистина делува.

Мачката ве штити од штетното влијание на компјутерот

Ако мачката дојде до вас и скокне во вашиот скут додека куцате на тастатура, немојте да ја бркате, бидејќи познавачите велат дека мачките ги апсорбираат зрачењата и негативните влијанија од компјутерот.

Мачките го намалуваат ризикот од инфаркт

Дружењето со мачката и со другите домашни миленичиња докажано го намалуваат ризикот од инфаркт и други заболувања, па според тоа дружењето со мачката го намалува и ризикот од прерана смрт.

И за крај … не заборавајте

Вие сте на нејзина територија, иако ве чувствува како газда, таа има инстинкт со кој смета дека треба да ве заштити. Затоа, одржувајте ја нејзината хигиена и одржувајте го нејзиното здравје на ветеринар, за да можете безгрижно да се дружите со неа.

Доколку патите од алергиска астма или ако имате било каква алергиска реакција на влакната од мачката, тогаш за жал не би смееле да бидете во контакт со ова животно.