Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пандев: Наполи го игра најдобриот фудбал во Европа, се надевам дека ќе освојат трофеј

Наполи е прв и во Серија А, но има најдобар скор и во Лигата на шампионите. Синоќа блескаа на Амстердам Арената каде го победија Ајакс со 6-1.

Пандев е полн со пофалби за Наполитанците и посакува да освојат трофеј.

„Наполи во моментов го игра најдобриот фудбал во Европа. Не се сомневам во тоа и сѐ ова што го прават е тотално заслужено. Наполи е исклучително силен и тоа што го покажуваат е на највисоко ниво. Во Европа и во Лигата на шампионите сите играат на врвно ниво, а Наполи има исклучителен квалитет, многу технички потковани играчи во напад, силен среден ред, посебно ми се допаѓа дефанзивниот тандем. Јас само се надевам дека Наполи ќе донесе дома трофеј, многу им значи тоа на луѓето во градот“, вели Пандев.