Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пендаровски утре во Софија на отворањето на гасниот интерконектор Грција-Бугарија

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија, Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан, Киријакос Мицотакис, премиер на Хеленската Република, Николае-Ионел Чука, премиер на Романија и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да одржи средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект IGB) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Во рамки на посетата на Република Бугарија, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани, соопшти кабинетот на претседателот.