Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пленковиќ: Логична е иницијативата на Европскиот парламент за прекин на преговорите со Србија

Радио слободна Европа вчера објави увид во документот на Европскиот парламент со кој од Европската Унија ќе се бара да ги прекине преговорите со Србија сè додека не ѝ воведе санкции на Русија.

Пратениците за тоа би требало да расправаат на надворешнополитичкиот одбор на ЕП кон средината на следниот месец, а конечното гласање се очекува во ноември.

Пленковиќ денес на конференција за новинарите кажа дека Европскиот парламент „почнал логична иницијатива“.

„Во ваква глобална криза, во кој доброто и злото можат точно и јасно да се разликуваат, не може да се седи на две столици“, кажа хрватскиот премиер.

Пленковиќ повтори дека „не може да се тежнее кон членство во ЕУ и да се делат вредностите“ а „истовремено да не се застане јасно зад пакетот санкции“ против Русија поради инвазијата на Украина, во околности на „лажни, оркестрирани“ референдуми и најави за анексија на украинската територија.

Покрај Белорусија, Србија остана единствената европска земја која не ѝ воведе санкции на Русија, дури ни откако тоа го направија некои традиционални сојузници на Москва како Казахстан.

Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ потпиша минатиот петок во Њујорк со рускиот колега Сергеј Лавров договор за консултации меѓу двете министерства за надворешнополитичките прашања.