Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пленковиќ: Санкциите не ги воведе Хрватска туку сите земји-членки на ЕУ

Од: А1он

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Прага изјави дека осмиот пакет санкции против Русија го донела цела Европска Унија, а не Хрватска и дека реализацијата не е одложена, туку дека ќе стапи во сила за сите според планираното, од 1 декември.

dobivaj vesti na viber

Неговата изјава уследи по критиките од српските власти поради забраната за увоз на руска нафта.

Во пресрет на неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ, Пленковиќ оцени дека обвинувањата на српските функционери против Хрватска се смешни, навредливи, неточни и груби.

Тој додаде дека сите 27 земји-членки на ЕУ ја донеле одлуката за нов пакет санкции против Русија.

Пленковиќ ги негираше тврдењата на српските власти дека одлуката е одложена за 1 декември, нагласувајќи дека таа „стапува во сила за сите во декември“.

– Вучиќ не дојде овде вчера и не се избори за одложување, тоа е глупост. Одлуката ќе стапи во сила таква каква што е, навреме, посочи Пленковиќ.

Тој повтори дека Србија може да увезува секаква нафта, освен руска нафта.

Извор: МИА