Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

По стапките на својата мајка: Анастасија ја промени бојата на коса, овој тренд буквално е хит кај сите девојки ова лето (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ова лето се одлучи за промена на својата боја на коса, па на изненадување на сите таа го промени својот имиџ.

Таа иако е доследна на својата темна боја на коса, овој пат се одлучи истата да ја осветли.

Имено пејачката објавила видео на својот Инстаграм профил каде што се гледа нејзината промена и светлите прамени.

Модерната техника која кај жените е позната како „сонце во косата“ буквално ги воодушеви нејзините следбеници кои и порачаа дека изгледа совршено.

„Колку совршено ти стои светлна боја“, „Ми се допаѓа оваа промена“, се само дел од коментарите.

Инаку и Цеца во минатото често ја менуваше својата боја на коса, а сите ја паметат и како русокоса.