Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПО УБИСТВОТО: Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс

Семејството на Халина Хачинс, камерманката убиена на сетот на филмот „Rust“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа необјавен договор во нивната тужба против актерот и другите вмешани во смртта на камерманката, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот.

Тужбата, поднесена во февруари во Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето.

Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.

„Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. Rust, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина“, рекол Хачинс во изјавата.

Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.