Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Почина најстарото куче во светот

Од: А1он

Пеблс женката Фокс Териер , најстарото куче на светот, почина оваа недела на 23-годишна возраст објави Гинисовата книга на рекорди.

dobivaj vesti na viber

Нејзините сопственици ја хранеа со храна за мачки од 2012 година, што според нив можеби придонело за нејзината долговечност.

„Пеблс, најстарото куче на светот, за жал почина, природно и мирно, дома и опкружено со своето семејство“, напишаа нејзините сопственици на Инстаграм.

Таа е родена на 28 март 2000 година во Лонг Ајленд, Њујорк и претежно живеела во државата Јужна Каролина. Со својата мала градба и тежина од 2 килограми, Пеблс во својот живот родила 32 кученца.

Пеблс беше прогласена за најстарото куче на светот во мај 2022 година, за време на посетата на експерти од Гинисовата книга, институција која запишува рекорди во сите области. Според нејзината сопственичка Џули Грегори, Пеблс сакала кантри музика. Таа почина пет месеци пред нејзиниот 23-ти роденден.