Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Почна исплатата на социјална, детска и цивилна заштита за септември

„Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 октомври 2022 година“, информира Министерството.

За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето: на 05.10.2022 се А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, додека утре, на 06.10.2022 се М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.