Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Почна средбата на Ахмети со „Огнена група“

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) пристигнаа претседателот Али Ахмети како и членовите на ткн. Огнена група. Прв дојде лидерот на партијата, по него Садула Дураку, додека во група заедно пристигнаа Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити.

На новинарските прашања што очекувааат Изет Меџити рече дека ќе се зборува.

– Ќе разговараме како и секогаш, рече кратко Меџити, кој на прашањето дали очекува примирје истакна дека новинарите ќе бидат известени.

Ова е втора ваква средба откако во четвроткот на 29 септември Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети.

На 24 септември медиумите за прв пат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.

Меѓу потписниците на тоа писмо се Изет Меџити, пратеник и потпретседател на ДУИ, Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај, Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику пратеничка, Невзат Бејта поранешен министер и градоначалник на Гостивар, Муса Џафери поранешен вицепремиер како и актуелниот заменик-министер за одбрана, Башким Хасани.