Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Политико: Киев моли за тенкови, а Западот се колеба

Тенковите се најдоа на врвот на листата на желби на Киев во момент кога украинските сили се пробиваат во источен Донбас во околности на шокантниот руски колапс овој месец, наведува Политико.

Барањето оваа недела доби нова итност откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе мобилизира дополнителни 300.000 војници за борбата во Украина, што конфликтот го води во нова ескалација.

Модерните американски тенкови М-1 „Абрамс“ и германските „лепорад“ би претставувале силен удар кој би можел да им помогне на украинските сили да заземат и заржат повеќе територија, во споредба со старите тенкови од советско време со кои во моментов располагаат, велат експерти за Политико.

Но највисоките функционери за национална безбедност во САД и Германија се колебаат околу оваа испорака, делумно поради предизвиците во врска со обуката и логистиката, според американските функционери, украинските советници и соработниците на американскиот Конгрес, наведува Политико.

М-1 „Абрамс“, на пример, се сосема поинаков систем од тековите од советската ера на Украина, и бараат посложено одржување и логистичка поддршка.

„Прилично голема пречка е во Украина да се најдат не само тенкови произведени во САД, туку и делови за нивно одржување. Не сакате да им дадете нешто што ќе се расипе и ќе остане брз гориво“, вели еден американски функционер, кој, како и останатите, зборувал за Политико под услов да не му се открие идентитетот.

За директна борба, тековите „леопард“ би можеле да бидат подобар избор бидејќи се слични на оние кои Украина веќе ги користи и трошат помалку гориво од „абрамс“, кажал тој.

Меѓутоа, Германија во повеќе наврати го одби украинското барање за тенкови, а министерката за одбрана Кристин Ламбрехт неодамна кажа дека Берлин се договорил со партнерите во НАТО да не преземаат таква акција „еднострано“.

Оваа дебата за тенковите е најновото несогласување околу вооружувањето меѓу Западот и Украина.

САД се колебаа со месеци пред да обезбедат одредени оружја, прво противвоздушните системи „стингер“, а потоа и артилерискиот ракетен систем со голема мобилност ХИМАРС, и загрижени се дека тоа ќе биде црвената линија која може да ја испровоцира Русија во нова ескалација, наведува Политико.