Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полицаец во Албанија со глисер убил седумгодишно девојче па се тепал со нејзиниот татко

Осомничен е дека девојчето го убил со глисер, а кога се вратил на копно се тепал со нејзиниот татко Бледар Авдија. Трагедијата се случила минатата недела на плажата Потам во Албанија.

Тасе тврди дека изгубил контрола над глисерот, но сведоците кажале дека изведувал опасни маневри преблиску до брегот.

Таткото на девојчето за локалните медиуми кажал дека се капел со ќерката во близина на брегот кога го забележал белиот глисер како ита во негов правец.

„Дојде со голема брзина до мене и неа. Јас нурнав, а глисерот удри директно во мојата ќерка“, кажал таткото.

Сведоци на трагичниот настан снимиле како Тасе се тепа со таткото на девојчето додека луѓе од плажата се обидуваат да ги раздвојат.

Tuča u Albaniji pic.twitter.com/g14yGP9Xw5

— sportsscandals (@sportsscandals1) August 5, 2022

Наставник кој тој ден бил на плажата Блисим Ахметај на Фејсбук објави дека Бледар по трагедијата му пришол и му кажал: „Требаше да умрам место неа“.

Истражителите велат дека Тасе со глисерот го возел своето семејство од Порто Палермо во Потам, сместен околу пет километри од местото на несреќата. „Пропелерите предизвикале сериозни повреди кои довеле до моментална смрт“, кажа портпаролот на полицијата.

Тасе сега е под истрага за убиство од небрежност, а 15 полицајци кои тој ден требало да го чуваат брегот се отпуштени.

Смртта на девојчето Јонада ги разгневи граѓаните на Албанија и поради тоа низ земјата се одржуваат протести. Во главниот град Тирана вчера десетици демонстранти се судрија со полицијата.