Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полска ѝ се заканува на ЕУ: Ако не ни платите пари, ќе го извадиме целото оружје од арсенал

Повеќе од 35 милијарди евра се ставени во мирување поради спорот меѓу Брисел и Варшава околу судските реформи за кои ЕУ вели дека ги крши демократските стандарди.

Европската комисија одобри средства за Полска во јуни, но шефицата на тоа тело, Урсула фон дер Лајен, за време на својата посета на земјата рече дека на владеењето на правото уште треба да се работи.

Владејачката партија Право и Правда (ПиС) објави дека целта на судските реформи е да го направи системот поефикасен, отфрлајќи да се меша во судовите од политички причини.

„Доколку има обид да се блокираат плаќањата, а Европската комисија се обиде да изврши притисок врз нас, немаме друг избор освен да го извадиме целото оружје од нашиот арсенал и да одговориме“, изјави генералниот секретар на ПиС Кшиштоф Соболевски за полското радио.

Но, тој не прецизираше на што точно мисли.

Одбивањето на Варшава да се приклучи на европските барања за судството ги поттикна критиките на опозицијата дека ПиС всушност сака да ја извади Полска од Европската унија, што владата го отфрла.