Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полскиот премиер ја обвини ЕУ

„Политичката практика покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите останати“, напиша Моравјецки за германскиот весник, повикувајќи на пристап кој повеќе се заснова на консензус.

„Значи, постои формална демократија и де факто олигархија во која власта ја имаат најсилните“, тврди тој, додавајќи дека против империјализмот на ЕУ мора да се бори како и против рускиот империјализам.

Премиерот, чија националистичка влада на партијата Право и правда (ПиС) во повеќе наврати се судри со Брисел околу прашањата за владеењето на правото, рече дека руската инвазија на Украина го сврте вниманието на недостатоците на ЕУ.

Тој повика на „длабока реформа што ќе ги врати општото добро и еднаквоста во прв план на принципите на унијата“.

Полска во вторникот соопшти дека ќе ѝ возврати на Европската унија доколку не ги исплати средствата наменети за закрепнување од пандемијата, откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен од најновите судски реформи во Варшава. Повеќе од 35 милијарди евра се ставени во мирување поради спорот меѓу Брисел и Варшава околу судските реформи за кои ЕУ вели дека ги крши демократските стандарди.

Европската комисија одобри средства за Полска во јуни, но шефицата на тоа тело, Урсула фон дер Лајен, за време на својата посета на земјата рече дека уште треба да се работи на владеењето на правото.