Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПОПИС 2021: 13 разводи на лица од 15 до 19 години и три случаи на вдовици/вдовци, еве колку проценти од населението е во брак

Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Пописот 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.

Еве неколку интересни факти:

Според Пописот 2021,  во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и  вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4 % живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница.

81.1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.