Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Посебно е важно да го пиете во овој дел од годината: Зошто ви е толку потребен чајот од ШИПКА?

Чајот од шипка е исклучително здрав, па затоа пијте го често.

Помага со големата количина витамин Ц, има повеќе од лимонот портокалот и пиперката заедно, па супер е за имунитет и против настинки и грипови во периодот на есен и зима.

Делува како природен аналгетик.

Поради големите количини витамин Ц исто така се препорачува да се консумира и за време на настинките, вирусните инфекции или грипот.

Тој се користи за низа стомачни проблеми како грчеви, намалување на желудочната киселина, иритацијата и чир во желудникот. Бидејќи ги олеснува и дигестивните проблеми, тој се пие и за дијареја и за тврда столица.

Благотворно делува при сите проблеми поврзани со камења и песок во жолчката. Исто така се користи и за детоксикација на црниот дроб.