Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Постар од неа 24 години: Бракот на Дајана Пауновиќ и Жика Јакшиќ заврши мирно, но овој маж стоел меѓу нив

Дајана Пауновиќ и Жика Јакшиќ се разведоа тивко и без преголема медиумска помпа, ниту една страна никогаш не зборувала за причините за разводот, а она што е познато е дека брачната криза ја решиле така што Дајана се исели од семејниот дом на Бежанијска Коса заедно со нивниот наследник.

Имено, нивната романса започнала во 2009 година, а веќе следниот ден се венчале. Дајана тогаш изјави дека уште од првиот состанок знаела дека Жика е „тој“.

– Многу брзо сфатив дека сме на иста бранова должина. Совршено се согласуваме и имаме идентични погледи на животот. Навистина не планирав да се омажам на 22 години, каква што сум сега, но кога ќе ја најдеш вистинската личност, годините не се важни. Сè уште не планирам да станам мајка, но ќе дозволам се’ да се одвива спонтано – изјави тогаш Дајана, на која не и пречеше 24-годишната разлика во години, иако поради него беше во конфликт со нејзиниот татко.

– Кога слушна за мојата врска со Жика, татко ми сакаше да ме избрка од дома! Не можеше да ги „свари“ годините на Жика. Но, така беше само додека не го запозна. Сега татко ми едноставно го обожава. Никој повеќе не ја забележува разликата во години. Жика ме штити како цвеќе во вазна, не дозволува ниту мојата сенка да падне врз мене – открила Дијана во 2011 година.

Да потсетиме водителката Дајана Пауновиќ и нејзиниот 24 години постар сопруг Жика Јакшиќ пред неколку години ставија точка на бракот од кој имаат син.