Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Повторно расте цената на нафтата на светските берзи

Од: А1он

– Цените на нафтата на берзите денеска се искачија на речиси 95 долари за барел, во услови кога остриот пад на залихите во САД и очекувањата за намалени испораки од Русија до крајот на годината ги потисна во втор план стравувањата од рецесија.

dobivaj vesti na viber

На лондонскиот пазар цената на барелот денеска изнесуваше 94,98 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 89,10 долари.

Расположението за тргување на берзите вчера беше придушено поради стравувањата од глобална рецесија во оглед слабите податоци за активностите во секторот на недвижнини во САД и забавувањето на економската активност во Кина последица на строгата политика на нулта толеранција за Ковид-19. Сепак, трговците се охрабрија од извештајот за пад на нафтените залихи на САД за 7,1 милиони барели, како и за рекордниот извоз на нафта од пет милиони барели дневно.

Поддршка на денешната повисока цена на нафтата дадоа и предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати би можела драматично да ја намали понудата.