Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Пожарот кај село Фурка се интензивира, побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето

Од: А1он

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума.

dobivaj vesti na viber

Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија.

На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.