Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Правела една голема грешка во браковите: Ева Лонгорија признава што ја мачело, а еве зошто врската со третиот сопруг е посебна

Актерката Ева Лонгорија реши да проговори за поранешните сопрузи и темата за љубомората која ја чувствува. Таа во новата епизода од нејзиниот подкаст „Connections“ откри дека нејзиното искуство сега е поинакво од претходно.

Како што истакнала, била обземена од љубомора.

-Мислам дека љубомората троши премногу енергија. Се сеќавам колку бев љубоморна, ми се превртуваше стомакот. Тоа е најлошото чувство, изјави актерката.

Таа беше во брак со актерот Тајлер Кристофер од 2002 до 2004 година, а потоа и со кошаркарот Тони Паркер од 2007 до 2011 година. Недолго откако поднесе барање за развод од Паркер, Лонгорија откри дека нашла пораки од друга жена на неговиот телефон.

Лонгорија објасни дека нејзиниот пристап кон љубовта и бракот се променил кога се омажила за нејзиниот сегашен сопруг Хозе Пепе Бастон во 2016 година. Двајцата го имаат четиригодишниот син Сантијаго Енрике.

-Затоа мислам дека мојот втор брак е… не, чекај, трет ми е, се насмеа актерката, а потоа продолжи:

-Мислам дека кога ќе најдеш љубов на 40 години, а тој тогаш имал 50, мислам дека повеќе сме на мислењето „Можеме ли само да уживаме во животот заедно? – вели таа.

Инаку, Ева и Пепе се запознаа во 2013 година, но тогаш немало искри меѓу нив. Шест месеци подоцна, тоа се промени.

-Не се сеќавам на нашата прва средба, но при втората веднаш се почувствуваа искри, рекла Лонгорија и признала дека следниот ден отишле на средба која траела четири часа.