Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Премиерот недоволно препишал од нас, поднесовме измени во законот за енергетика, изјави Мицевски

„Во мерките кои што Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но случајно или не, ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството. Како одговорна партија бараме целосно, а не ппарцијална прифаќање на нашиот предлог.“, рече Мицевски во изјава за новинарите во Собранието на Македонија.

Тој нагласи дека со предлог законот за енергетика поднесен од негоата партија се опфатени и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија.

„Ако СДСМ и Ковачевски навистина се грижат, еве нека го поддржат нашиот Закон за енергетика. Со тоа директно ќе им олесниме на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани водоснабдувањето. Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден“, нагласи Мицевски.