Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Премина во исламот и си ги сечеше вените – пејачот кој се прослави во регионот вчера уапсен додека возел пијан и нападнал полицаец (ФОТО)

Според медиумите, познатиот црногорски пејач Бојан Томовиќ (40) е уапсен во близина на Подгорица бидејќи возел под дејство на алкохол и го нападнал полицаецот.

Со оглед на тоа, пејачот бил приведен во полициска станица на распит и отрезнување, пренесува „Еxpress.ba“.

Бојан Томовиќ последниве години е на насловните страници поради неговите скандалозни изјави и смели потези. Бојан неодамна призна дека ја изневерил поранешната сопруга со братот на нејзиниот вујко пред неа, бакнувајќи се во уста додека биле пијани.

Пејачот, кој инаку боледува од биполарно растројство, е склон кон скандалозно однесување, за кое со години пишуваат медиумите низ регионот.

Тој неодамна ја шокираше јавноста и кога откри дека преминал во исламот, а потоа и дека го променил името во Аммар Моштрокол.

„Во исламот го пронајдов спасот и мирот, а моето име на арапски значи „живот“, а јас по мојата болест која за жал е позната по големиот број на убиства, јас одбрав нов живот“, изјави тогаш пејачот.

Тој инаку си ги пресече и вените откривајќи дека не бил алкохоличар или наркоман, туку дека веќе не можел да живее со болеста.