Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Претреси во Гевгелија и Moин, пронајдени муниција и марихуана

При претрес на дом и помошни простории во село Моин, гевгелиско, во кои живее Б.Ѓ. (46) од Гевгелија, во дворот се пронајдени насад со растението канабис сатива, а во дневната соба се пронајдени четири пакувања со растителна материја - марихуана.

Б.Ѓ. е лишен од слобода, приведен во полицијата во Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. По комплетирање на документацијата против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес на домот на А.К. (29) од Гевгелија пронајдени биле 38 боеви куршуми калибар 7,9мм, осум боеви зрна и еден боев куршум непознат калибар.

Лицето е лишено од слобода, известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Гевгелијa.