Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Претреси во Скопје, се приредувале игри на среќа без лиценца

Претреси се извршени кај еден правен субјект и едно физичко лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган" по чл. 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

При претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид на обложување и други видови на игри на среќа. При тоа, одземени се компјутери и компјутерска опрема, како и документација поврзана со нелегалното работење на правниот субјект.

При претресите исто така се пронајдени и одземени 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.