Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Претседателот на клубот „Цар Борис Трети“: Го избравме името по последниот бугарски цар зашто е важен за нас

Претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажески смета дека нема ништо спорно во името. Иако пред седиштето има револтирани граѓани кои протестираат и сметаат дека е спорно овој клуб да биде именуван по цар кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија, за претседателот нема никаков проблем.

„ Ние кажавме дека немаме никакво фашистичко движење или неонацистичко. Доколку имаме во иднина, може да не суди државата. Ние го избравме името по последниот цар на Бугарите. Тој е важен за нас. Ние сме почитувачи на ликот и делото. Се исполитизира целата работа“, посочи претседателот на клубот.

Тој додава дека во клубот ќе се промовира културата на бугарскиот народ и Бугарите во Македонија.

„ Ништо лошо не сме направиле. Регистриравме здружение согласно законот. Ние легално сите документи ги имаме дадено до државата Република Македонија. Никогаш не сме направиле ништо лошо против нашиот народ или државата. Тоа е наша држава, наш град. Тука живееме“, додаде тој.