Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Претставникот на ОН: Израел не ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност за сопирање на ширењето на еврејските населби

Венесланд синоќа на состанокот на Советот за безбедност кажа дека Израел ги реализира плановите за изградба на речиси 2.000 нови станбени единици, а ни Израелците ни Палестинците не ги исполниле ни другите барања наведени во резолуцијата, спречување на сето насилство против цивилите, воздржување од акти на провокации, провоцирачки и запаливи реторики, разликување на израелската територија од териториите под окупација и вложување колективни напори за почнување на преговори.

Тој сепак наведе неколку позитивни чекори во изминатите три месеци, два состаноци на палестинскиот претседател Махмуд Абас со израелските претставници, издавање 16.000 дозволи за работа во Израел на Палестинците во Појасот Газа и зголемување на увозот и извозот преку главниот премин од таа територија во еврејската држава.

Резолуцијата ја усвои Советот за безбедност кога САД во последните недели од мандатот на администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама се воздржаа и не го користеа правото на вето во знак на поддршка на долгогодишниот сојузник Израел, како што многу пати претходно тоа го направија. Администрацијата на наследникот на Обама Доналд Трамп остро се противеше на резолуцијата.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд кажа дека владата на сегашниот претседател на САД Џо Бајден од првиот момент поддржува решавање на конфликтот меѓу двата народи по моделот на две држави.

Таа потсети дека Бајден тоа им го потврдил на светските лидери на неодамнешното заседание на Генералното собрание на ОН и додаде дека слични повици упатиле многу лидери, и го пофали премиерот на Израел Јаир Лапид кој зборуваше за својата визија „две држави за двата народи“.

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур го повика Советот за безбедност да почне да ги применува своите резолуции и да предложи практични чекори за да се отвори вратата за „политички процес“.

Претставникот на ОН за Блискиот Исток предупреди дека се поттикнува опасно влошување бидејќи нема мировен процес за завршување на окупацијата и решавање на судирот, и дека се создава впечаток дека конфликтот е нерешлив.