Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Приведен крадец во Штип, расчистени две кривични дела

Од: А1он

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода 33-годишниот Д.М. од Штип, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Тој се сомничи дека на 29.07.2022 на улица „Ванчо Прќе“ во Штип извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, одземајќи ѝ ташна и мобилен телефон на 82-годишна жена, и кривично дело „кражба“, извршено на 30.07.2022, при што од работна просторија во состав на Клиничката болница Штип одзел торба со лап топ компјутер и други предмети, сопственост на вработен во болницата, соопшти МВР.

Во просториите на СВР Штип при извршен службен разговор, осомничениот ги појаснил времето, местото, начинот и околностите на вршење на кривичните дела, како и на лицата на кои им ги продал одземените предмети. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани, велат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против Д.М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.