Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Проруски суд осуди на смрт двајца Британци и Мароканец заробени во Украина

Двајца Британци и еден Мароканец, што се бореле за Киев добија смртна казна од проруски суд во Донбас.

Суд во Доњецк осуди на смртна казна три лица, кои дошле во Украина за да им се придружат на украинските сили против Русија. Британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер, како и мароканскиот државјанин Саадун Ибрахим, во четвртокот беа прогласени за виновни како ,,платеници што се обиделе да ја преземат власта со сила од страна на Народната Република Доњецк (ДПР)''.

Судот образложи дека ,,присилното одземање на власта носи казна од 12 до 20 години зад решетки, но може да ескалира и до смртна казна поради воени отежнувачки околности. Да се биде платеник се казнува со затворска казна од три до седум години''.

Судот не е меѓународно признаен.