Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Од: А1он

Стотици граѓани на Шри Ланка денеска протестираа против владината репресија и примената на Законот за вонредна состојба против демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Протестот го предводеа верски и синдикални лидери. Демонстрантите во Коломбо одржаа протестен марш и најавија повеќе барања до властите. Меѓу другото, тие побараа да се укине вонредната состојба, да нема апсење на мирни демонстранти и веднаш да се распушти Парламентот.

Тие се незадоволни од претседателот Ранил Викремесинге, кој Парламентот го избра да го доврши мандатот на Готабаја Раџапакса.

По масовните протести поради колапсот на економијата, Раџапакса побегна од земјата и поднесе оставка преку електронска пошта.

Новиот претседател, Викремесинге ги овласти војската и полицијата да ги растурат камповите на демонстрантите и да ги уапсат оние, кои за време на немирите учествувале во заземање на претседателската палата и зградите на други институции.

Тој денеска го посети Генералштабот и им се заблагодари на војниците кои го штителе Парламентот, каде демонстранти се обидоа да влезат минатиот месец.

Извор: МИА