Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Првите денови на Трус бетер од последните денови на Џонсон

На најновата анкета на Обесервер, рејтингот на Трус паѓа од -9 на -37, додека на последната анкета од својот мандат Џонсон има рејтинг од -28. Трус моментално е на 5 поени од најлошиот рејтинг во владеењето на Џонсон од -42.

На партиско ниво, по само 2 недели Трус како премиерка, предноста на Лабуристите во однос на владејачките Ториевци е порасната од 5 на 19 поени, па првите имаат поддршка од 46% од испитаниците, а вторите на 27%.

Најголем број од гласачите, 75%, изјавиле дека владата ја изгубила контролата врз економската ситуација, а само 18% смета дека владата и понатаму ја има контролата. Дури 71% од гласачите што во 2019 гласале за Конзервативците сметаат дека владата нема контрола.

За сега речиси половина од гласачите, 48%, сакаат Трус да поднесе оставка.

Според авторите на анкетата ова се најлошите резултати за конзервативците од изборите 2010.

10 септември - 1 октомври