Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Путин: Ги мобилизираме и земјоделците

Русија е најголемиот светски извозник на пченица, а есента е важна сезона за руските земјоделци, бидејќи почнува сеидбата на зимската пченица за родот од следната година и берат соја и сончоглед. Зимската сеидба веќе значително доцни поради обилните врнежи.

„Сакам да им се обратам и на регионалните раководители и на раководителите на земјоделските претпријатија. Во рамки на делумната мобилизација се регрутираат и земјоделските работници. Нивните семејства мора да се поддржат и ве молам да обрнете посебно внимание на овој проблем“, рече Путин во разговор со земјоделските службеници, кој беше емитуван на руската државна телевизија.

Путин на состанокот рече и дека Русија е на пат во 2022 година да собере рекордни житни култури од 150 милиони тони, вклучително и 100 милиони тони пченица.