Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Путин ја најавува анексијата: „Русија од сега има четири нови региони“ (ВИДЕО)

Пред говорот проруските лидери на четирите бунтовнички украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон потпишаа договори за припојување кон Русија.

„Знаете дека во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск се одржани референдуми. Гласовите се преброени и луѓето дефинитивно одлучија, без каков било сомнеж. Денес ги потпишавме договорите за припојување. Тоа е волјата на милиони луѓе. Русија сега има четири нови региони“, кажа Путин.

„Тоа е нивно право кое се наоѓа во Повелбата на Обединетите нации“, кажа рускиот претседател.

Тој ги пофали „сите херои кои загинаа во специјалната воена операција“.

„Тоа се херои на големата Русија. Да им оддадеме почит со минута молчење“, кажа Путин.

„Милиони луѓе во тие региони одлучија, тие историски чувства на припадност никој не може да ги негира“, кажа рускиот претседател.

„Советскиот Сојуз повеќе не постои, тоа е историја и тоа на Русија повеќе не ѝ треба. Но тоа и нема врска, бидејќи милиони луѓе се поврзани со Русија и се враќаат во својата историска татковина. Низ годините луѓето во Донбас ги убиваа, мачеа. Кај нив сакаа да предизвикаат омраза кон Русија, заплашувајќи ги. Но луѓето од Донбас, Херсон, Запорожје одлучија. Тие сега стануваат наши државјани и тоа засекогаш“, кажа Путин.