Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Рабио поради својата мајка останува во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Адриен Рабио (27) нема да прејде во редовите на Манчестер јунајтед откако не ги договори личните услови со премиерлигашот, јавија денеска британските медиуми.

Челниците на Јувентус и Манчестер јунајтед претходно ја договорија висината на обесштетувањето за трансфер на Рабио, кое требаше да изнесува 17 милиони евра.

Меѓутоа, британските медиуми тврдат дека мајката на фудбалерот на Јувентус, Вероника Рабио, која е и негов личен менаџер, ги налутила челниците на Јунјатед, бидејќи за Адриен побарала годишна плата од десет милиони евра.

Рабио имаше голема желба да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, но раководството на Манчестер јунајтед не ги прифати условите на неговата мајка.