Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Работнички добива нов спонзор, клубот од „Градски парк“ повторно ќе биде силен

Работнички конечно ќе излезе од длабоката сенка во која е повеќе години, во клубот влегува сериозна инвестиција која треба да донесе подобри резултати.

Утре во хотелот „Александар Палас“ ќе биде потпишан договорот со кој Мтел ќе стане главен спонзор на Работнички.

„Договорот ќе биде потпишан на 8 октомври 2022 (сабота) во 12:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје меѓу извршниот директор на Мтел, г-динот Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје, г-динот Горан Веселиновски. На настанот е предвидено присуство и обраќање на генералниот директор на Телеком Србија, г-динот Владимир Лукиќ, на претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, г-динот Горан Герасимовски“, пишува во клупското известување.

На утрешната прес-конференција се очекува да бидат презентирани деталите за спонзорството на Мтел, за амбициите и плановите новиот Работнички.