Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонесите, ако не можно е да се намалат платите

Од Организацијата на работодавачи велат дека субвенциите во просек се движат од 10 до 15% од пресметаните придонеси или околу 5% од вкупната бруто плата. Ако не биде прифатено нашето барање, ќе се зголемат трошоците во работењето, а заедно со енергетската криза тоа со сигурност ќе се одрази и на редовната исплата на платите и запирање на растот на месечните примања, велат работодавачите.

Од Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк велат дека треба да се направи редизајн на субвенциите.

Фајнанс тинк уште во 2017 процени дека голема е групата на работници кои се само формално-правно осигурани на минималец, а додатокот им се дава „на рака“, за да се избегне плаќањето на данокот и придонесите. Дел од растот на просечната плата во претходните три години се должеше токму на субвенционирањето на придонесите.