Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Растот на увозните цени во Германија во август најголем од 1974 година

Увозните цени во Германија во август пораснаа најмногу од март 1974 година, поттикнати од многукратно повисоките цени на гасот и струјата, но и на ѓубривата, покажаа денешните податоци од Заводот за статистика Дестатис.

Во август, увозните цени беа повисоки за 32,7 отсто отколку во истиот месец минатата година, по растот од 28,9 проценти во јули.

Увозот на енергија беше повеќе од двојно поскап во однос на август 2021 година. Дестатис го издвојува поскапувањето на увезениот гас, чии цени беа четирипати повисоки отколку во минатиот август. Во однос на јули, тие пораснаa за речиси 50 отсто.

Уште повеќе на годишно ниво поскапе струјата.

Јагленот беше трипати поскап отколку во август минатата година, додека цените на нафтата се зголемени за 58,8 проценти.

Силен раст е забележан и кај цените на увезените ѓубрива и лепила, кои се повеќе од двојно зголемени во однос на ланскиот август.

За четвртина поскапе увезената храна.

На месечно ниво, инфлацијата на увозните цени порасна на 4,3 отсто, со 1,4 проценти во претходниот месец. Се очекуваше зголемување за 2,0 отсто. Истовремено, инфлацијата на извозните цени изнесуваше 18,6 отсто во однос на 17,0 проценти во јули.