Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Реакција на Министерството за политички систем: Отпуштените од „Комунална хигиена“ не се вработени со Програмата за правична застапеност

Од: А1он

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги демантира наводите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа се вработени според Програмата K5, Програма за правична застапеност.

dobivaj vesti na viber

Од Министерство за политички систем информираат дека според планот усвоен од Владата распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.

Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.

Преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности објаснуваат од Министерството.