Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

РСЕ: Во последните санкции против Русија ЕУ предвидува исклучок за Западен Балкан во врска со руската сурова нафта

„За да се заштити енергетската безбедност на Западен Балкан, неопходно е да се предвиди отстапување што ќе овозможи транзит на руска сурова нафта преку гасоводот низ Хрватска, под услов таквиот транзит да остане во границите на просечните нивоа на транзит од претходните години со цел да се избегне заобиколување на (санкциите)“, се наведува во текстот на предлогот за нови мерки, до кој дошла Радио Слободна Европа (РСЕ).

Оваа одредба се однесува на оние земји од регионот што немаат излез на море и кои увезуваат сурова нафта преку Хрватска.

Министрите за енергетика денеска на вонредна средба разговараат и одлучуваат за мерките и новиот пакет санкции.

Мерките главно се однесуваат на поставување на лимити за цената на нафтата, а ќе се одлучи да се забрани транспортот на нафта чија цена ја надминува договорената гранична цена што треба да ја постави Унијата.

При усвојувањето на петтиот пакет санкции против Русија, во април годинава, ЕУ на сличен начин ја иззеде Србија, што овозможи да продолжи непреченото снабдување со нафта на домашниот пазар преку Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ), пишува РСЕ.

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ќе одлучуваат и за вонредни мерки поврзани со неочекуваните пари на енергетските компании и ќе разговараат за ограничување на цените на бензинот.