Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје, што е под контрола на руските сили.
Портпаролот на МНР, Иван Нечајев изјави дека предлогот е „неприфатлив“.
Нуклеарната централа Запорожје беше заземена од руските сили во март. Таа е лоцирана во близина на првите линии на фронтот и изминатите денови често беше под оган, што предизвика многумина да стравуваат дека може да се случи нуклеарна катастрофа.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на електраната.
Извор: МИА