Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русија на границата со Грузија отвора пункт за мобилизација

Во соопштението објавено на каналот Телеграм не се прецизираат причините за отворањето на пунктот за мобилизација.

„Приливот на патнички возила кои се движат кон Грузија сериозно се зголемува. Со цел да се намалат ризиците од незаконско однесување и појава на конфликтни ситуации, донесена е одлука да им се дозволи на граѓаните да ја минуваат границата и пеш“, се наведува во соопштението.

Оваа одлука е донесена со цел да се намалат ризиците од незаконско однесување и конфликтни ситуации, забележува одделот. Претходно на ова место границата можеше да се мине само со превозно средство.

Потпретседателот на Владата на таа кавкаска република Ирбек Томаев во понеделникот објави дека во редот за влез во Грузија има околу 3.500 патнички автомобили и околу 1.300 товарни возила.

Од почетокот на делумната мобилизација во Русија, на 21 септември, на граничните премини со соседните земји за кои на Русите не им е потребна виза, има огромни редици за напуштање на Русија.

Грузија нема причина да ја затвори границата со Русија, но засега презема мерки за зајакнување на контролата на граничните премини, изјави грузискиот министер за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури, пренесува Интерфакс.

„Не ги разбирам барањата на едниот дел од опозицијата да се затвори границата со Русија, а на другиот, напротив, да се прифатат што повеќе Руси. Немаме причина да ја затвориме границата со Русија“, рече тој.

Според него, деновиве границата со Грузија ја минуваат околу 10.000 Руси, што е за околу 40 до 45 отсто повеќе отколку пред 21 септември, односно од најавата за делумна мобилизација во Русија, кога во Грузија секојдневно пристигнувале околу 6.000 Руси.

Тој додаде дека околу 60 отсто од Русите кои пристигнале во Грузија веќе ја напуштиле земјата.

„Граѓаните на Русија со години ја посетуваат Грузија, така што нема сега да создаваме пречки за овој процес“, рече министерот.