Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русија наскоро ќе претстави нов проектил, лета со брзина од 1.000 км/ч

„Што се однесува до новите производи, на форумот Војска 2022 за првпат ќе ја покажеме повеќенаменската нископрофилна високопрецизна крстосувачка ракета Кх-69“, објави корпорацијата.

Проектилот Кх-69 е дизајниран за уништување широк спектар стационарни копнени цели со координати познати пред лансирањето, вклучувајќи ги оние без радарски, инфрацрвен и оптички контраст во однос на околината.

„Опремен е со комбиниран систем за навигација и автоматско управување. Максималниот дострел е до 290 километри, со брзина од 700 до 1.000 км/ч, во зависност од конфигурацијата. Може да се постави на надворешни држачи и во внатрешни магацини за оружје“, објави руската корпорација.

Меѓународниот воен форум Војска 2022 ќе се одржи од 15 до 21 август во изложбениот центар Патриот во близина на Москва. Настанот го организира руското министерство за одбрана.