Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русин кој избегал од земјата: Не сакам да бирам меѓу затвор и убивање

Според најавите на руското Министерство за одбрана, воени повици ги чекаат триста илјади лица помлади од 55 години и само оние кои веќе служеле војска. Руските медиуми јавуваат дека се повикуваат и постари лица, но и оние без воено искуство. Критичкиот весник Новаја Газета Европа дури тврди дека Кремљ планира да повика до милион војници. Гласините се сеприсутни. Кремљ негира, но луѓето се несигурни.

dobivaj vesti na viber

„Не дека се плашам. Ако сакаат, ќе го фатат секој од нас“, резигнирано вели Михаил Бајанкин (28), магационер од Череповец. Тој тврди дека ќе одбие да оди во војна, дури и ако тие дојдат по него. Зборуваат за должност. Каква должност? Јас би отишол да ја нападнат нашата земја, но овде ние ја напаѓаме соседната земја“, изјави Бајанкин за ДВ.

Тој вели дека за руските власти човечките животи не вредат ништо. „Не праќаат на фронт, а не им е грижа дали ќе се вратиме, ние сме само топовско месо за нив“.

Се чини дека многумина размислуваат слично. Очевидци и видеа говорат за долги редици на границите. Оние кои немаат виза возат во Грузија, Казахстан или Монголија. Кој има пари оди во Обединети Емирати или Турција. Се бараат и Финска и Србија.

34-годишен инженер од Краснодар, кој побара да остане анонимен, штотуку пристигна во главниот град на Грузија, Тбилиси. Претходно тој бил војник со договор, па имало големи шанси да биде мобилизиран. За ДВ вели дека и онака веќе сакал да си замине, а мобилизацијата само ја забрзала одлуката. „Не ја напуштив мојата земја засекогаш. Ја сакам Русија и дефинитивно ќе се вратам еден ден“, вели тој.

Валериј Клепкин (43) до пред два дена живеел на северот на Русија и работел во полиција. Тој вели дека од почетокот на војната добил неколку повици од воениот оддел, но не отишол. „Јас сум резервен офицер. Не сакав да чекам повеќе, бидејќи тогаш ќе имам само избор или да одам во затвор или да станам убиец“, изјави тој за ДВ.

Со првите вести за мобилизацијата, Клепкин си ги спакувал работите и заминал во Финска каде има многу пријатели. Вели дека веќе го знае јазикот бидејќи дедо му живеел во Финска.

Патот кон балтичките држави е затворен. Лидерите на Естонија, Летонија и Литванија најавија дека Русите треба да останат во својата земја и да се борат против режимот на Путин. Така е и во Чешка. Финска, од друга страна, наскоро би можела да го затвори и влезот и транзитот за Русите.

Рускиот опозициски политичар Лев Шлосберг ги критикува ваквите одлуки. Тој во интервју за ДВ ги критикува балтичките и источноевропските земји дека попуштиле пред нивните десничарски популисти и подигнале нова железна завеса. „Порано или подоцна сите повторно ќе живееме во мир. И колку е поголем јазот меѓу нас сега, толку потешко ќе биде повторно да се зближиме“, рече Шлосберг.