Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русите до 2025 на одбрана и безбедност ќе потрошат 600 милијарди долари

Русија е ангажирана во скапа воена операција во соседна Украина за која оваа недела најави мобилизација на уште 300.000 војници. Според последните податоци, Русија во периодот од 2022 до 2025 ќе потроши вкупно 18,5 илјади милијарди рубли на националната одбрана, од кои 4,7 оваа година.

Претходно Москва планираше оваа година да потроши 3,5 илјади милијарди рубли на националната одбрана од вкупно 10,9 во периодот меѓу 2022 и 2024 година.

Предвиденото годишно трошење за разните безбедносни агенции и полицијата останува непроменето на 2,8 илјади милијарди рубли. Се очекува да се потрошат 15,6 илјади милијарди рубли меѓу 2022 и 2025, што е значително зголемување во споредба со претходната алокација од околу 8,7 илјади милијарди за периодот од 2022 до 2024.

Изворот на Ројтерс не дал подетална анализа и детали. Министерството за финансии одби да ги коментира тврдењата.